Ние сме непрофитна организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права
Нашата Мисија
Мисијата на здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на девојки и жени, со фокус на унапредување на правата на самохраните родители и еднородителските семејства.
Нашата Визија
Визијата на здружението е обезбедување севкупна општествена грижа и третман на девојки и жени кон родова еднаквост и женски права и слободи.
Нашите Вредности
- Отчетност
- Доверливост
- Солидарност
- Емпатија
Нашата оргнизација неформално започнала со работа во 2014 година. За секоја Една да може!
Што правиме
Ние сме грас рут обединување, женско движење кое се заложува за можности, правда и правичност за сите девојки и жени, зајакнување и едукација, антидискриминација, социјална инклузија и слобода без ограничувања.
Женско зајакнување
Тренинзи, обуки и коучинг програми и менторирања за феминизам, родови науки, спознавање на своите права и отварање на можности
Застапување и лобирање
Истражувања, анализи, анкетирања, полиси брифови и секаков тип на документи кои таргетираат предизвици и креираат соодветни решенија
Економска слобода преку социјално претприемнишво
Тренинзи, обуки и менторски програми за развој на претприемнички вештини, женски бизнис зајакнувања и постигнување на економска независност.
Заедничарење преку група за самоподдршка
Бидување дел од заедница на самохрани родители и нивните деца, од 2015 година, на затворена платформа за самопомош
Нашиот Тим

Дороти Пачкова
Директорка и експертка по родови науки
Елеонора Ѓоргиевска
Семејна едукаторка и правничка
Елена Божиновска
Координаторка за социјални мрежиНе сакаат, Не поддржуваат.
Една може е корсник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.