Кои сме ние

Една може!

Една може! започна во 2014 година како женско движење за трансформација на стереотипните видувања во однос на еднородителските семејства и самохраните родители во Македонија. Движењето броеше 2 000 членки од целата земја. Две години после активистичките заложби, во 2016 се оформи граѓанска организација за антидискриминација преку унапредување на правата и можностите на жените самохрани мајки.

Третата година од постоењето како правен субјект, се рафинираше во организација за родова еднаквост и женски права и слободи.

Една може! стратешки дејствува во три сфери:

Истражувања, анализи и застапување за измени на родови јавни политики

Зајакнувања на девојки и жени преку тренинзи и обуки за родови науки и женски права

Поддршка во формирање на женско претприемништво, вклучително и преку иновативното социјално претпријатие „Една прави“

Grassroots потеклото на нашата организација, засекогаш не поврзаа со волонтерството!

Досега, Една може! има учествувано во бројни иницијативи со сродни организации од граѓанскиот сектор за мониторинг и создавање јавни политики, инструменти и мерки кон социјално загрозените групи.
Во рамки на организацијата, се изроди и социјалното претпријатие „Една прави“ посветено на самовработување на самохраните мајки преку создавање и продажба на органска козметика.
Една може! се стреми кон себе да ги привлечи девојките и жените од маргинализираните средини, а посебно жените – самохрани мајки, организирајќи обуки и настани релевантни за нив, за едукација и вклучување во општеството без стигматизација и дискриминација.

Веруваме дека солидарноста е политичко прашање!

ТИМ

Една може! нуди стимулуативна средина, подгодна за личен и професионален развој, независно од: полот, родот, расата, класата, етничното потекло, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, попреченост, личен, општествен и имотен статус, сексуалната ориентација, како и мултикултурна тимска уреденост.

При нашите бројни иницијативи, активности, обуки и проекти, би сакале да оствариме контакти со заинтересирани волонтери/ки.

Ги охрабруваме сите заинтересирани да ги испратат своите куси биографии и мотивациони писма на: onecan2015@yahoo.com

 

 

Со почит,
Дороти Пачкова
Претседателка на ГО „Една може!“