Работна средба на „Една може!“ во ЈУМ ЦСР

На 19.10.2018, со почеток во 10 часот, беше реализиран состанок меѓу тимот на Една може! и директората на  ЈУМ ЦСР Скопје – Наташа Станојевиќ.

Работниот состанок имаше за цел да се воспостави дирктна соработка со Центарот како и да се застапува прокетот „Еднакви права и можности за самохраните мајки“ и да се договори концепт на обраќање на тркалзезната маса закажана на 30.10.2018, од страна на примарни чинители.

Средбата започна со претставување на организацијата од страна на Дороти Пачкова, теренската работа со целната група, минатите активности и моменталните перспективи.

На тоа г-а Станојевиќ ги надоврза совите искуства на работа во рурални срединини и позитивни пракси и примери од соработка со специјализирани организиации од невладин сектор, како и примери од праксата со самохрани мајки конкретно.

Беше наведен примерот од Србија, прокет со име „Куќа на половина пат“, за ре-еманципација на жени од шелетр центри во соработка со агенцијата за вработување, за застанување на свои нозе по излегување од шелтер центар и можности за слична имплементација кај нас. Исто трака, беа наведени и негативни примери од пракса т.е. специфичностите и реалните предизвици на социјалната група.

Околу можностите за ре-еманципација од страна на Една може! беше претставен и позитивниот сопствен пример за самовработување на жени самохрани мајки преку социјално претпријатие Една парави.

Сите овие примри доведоа до заклучок за потреба од крос-секторска соработка меѓу државните институции и невладиниот сектор, како и можности за соработка со ЦСР во форма на обуки, работилници за деца од социјални категории, едукации кои би ги изведувала Една може! со обучени лица од ЦСР.

Бевме известени за составените нови тимови во Секторот за брак и семејство при ЦСР со стручни и млади лица посветени на динамична и интензивна теренска работа и ревитализација на советувалиштето и дневните центри на ЦСР во О. Кисела Вода и Автокоманда.

Се постави и прашањето за вклучување на самоахраните мајки во проектот за згрижувачки семејства и критериумите за истото, како и можноста за децентрализицаија на активностите во склоп на ваквите соработки.

На крајот беа разменети контакти и била договорена соработка во форма на блиско потпишување на меморадум за соработка на конкретно и генерално ниво.

Една може - ЈУМ ЦСР