Средба на „Една може!“ со Координаторката на Клубот на пратенички

На 17.10.2018, со почеток во 14:00 часот во Женската соба на Клубот на пратенички во Собранието на Р. Македонија се одржа средба меѓу тимот на Една може! застапуван од Дороти Пачкова и координаторката на Клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи, со поддршка и посредништво на NDI Macedonia (Сашка, Филип, Александра).

Средбата беше отворена со воведно обраќање на г-а Касапи за историјатот на Клубот на пратенички и идеите кои доведоа до отварањето на Женската соба.

Една може-Клуб на пратеничкиПотоа тимот на НДИ ја претстави ГО Една може! и целта на закажаната средба.

Понатаму збор зеде Дороти Пачкова и ја претсатави работата на организацијата, досегашните активности и моменталниот проект преку подготвена презентација за структурните проблеми на самохраноста и можно решенија и соработки, исто така беше претставен прокетот „Еднакви права и можности за самохраните мајки“ и закажаната тркалезна маса.

На г-а Касапи и беше врачена официјална покана за учество на тркалзената маса, кое беше потврдено од нејзина страна со мала забелешка за можноста од спречено присутсво заради политичката состојаба во земјата и седниците за уставни промени.

Една може-Клуб на пратенички 2