Центар за обука ЕВА: донираме за самохрабрите мајки

центар з аобуки ева

Центар за обука ЕВА: донираме за самохрабрите мајки

Новогодишна хуманитарна манифестација на Центар за обука Ева

Овогодинешната хуманитарна манифестација на Центар за обука Ева е посветена на „самохрабрите“ (читај: самохраните) мајки.

Ноќ на музиката, уметноста, убавината, фотографијата и хуманоста е пред нас. На 25-ти декември, Големата сала на Факултет за музичка уметност ќе биде новогодишно осветлена од искрени насмевки, ликовни и фотографски дела и озвучена од музички ноти на љубов и радост.

Студентите од ЕВА ќе свират, пеат, изложуваат свои дела и ќе го заокружат својот едукативен процес ставајќи ги во благородна функција својот перформанс и труд.

Секој јавен настан на ЕВА е со хуманитарен карактер, а овојпат решивме да собереме средства за родителите кои без партнери се грижат за своите деца, за самосилните и самохрабрите.

Со посетување на изложбата и концертот на ЕВА на влез донирате најмалку 100 денари кои ќе израдуваат нечие дете. Оваа инцијатива е со поддршка на One Can / Една може.

На сите наши деца – учесници на концертот и изложбата како и на децата на самохрабрите родители, брендот Чунга Лунга ќе им додели новогодишни пакетичиња.

На манифестацијата и свечено ќе се доделат сертификатите за сите кои ова полугодие ја завршиле едукативната програма во ЕВА, како и сертификатите на победниците од натпреварот за шминка.

Концертот е со почеток од 19:00 ч.
Изложбата е со почеток од 20:30 ч.

Ве очекуваме со радост и отворени срца

Пренесуваат од Центар за обука Ева.

Спој на солидарноста и креативноста

Повеќе информации за настанот следете овде.

Центар за обука Ева

 

No Comments

Post A Comment