Јавен повик до граѓански организации за членство
Јавен повик до граѓански организации за членство во Mрежа за родова еднаквост, спречување на насилство, борба против дискриминација и залагање за подобрување на статусот на самохраните родители ,,ЈУНАЈТЕДФЕМ”- Скопје
Здружението за родова еднаквост Една Може!- Скопје, по повод 5 годишнина од официјално постоење, формира Сојуз на здруженија- Mрежа за родова еднаквост, спречување на насилство, борба против дискриминација и залагање за подобрување на статусот на самохраните родители ,,ЈУНАЈТЕДФЕМ”- Скопје.
Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации и сите правни лица кои ги исполнуваат условите, да учествуваат во работата на Мрежата.

Цел на Мрежата е: Да ги здружи и поврзува организациите од различни профили поради размена на мислења, информации, идеи, знаења и искуство, како и поттикнување, организирање и помагање на активности од областа на родовата еднаквост, насилство, дискриминација и засегнатите еднородителски семејства, со акцент на самохраните мајки.
Визијата е: Да ги здружи и поврзува организациите од различни профили поради размена на мислења, информации, идеи, знаења и искуство, како и поттикнување, организирање и помагање на активности од областа на родовата еднаквост, насилство, дискриминација и засегнатите жени и девојки од мултиплицирано дискриминирани групи, со акцент на еднородителски семејства,односно самохрани мајки.
Мисијата е: Да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на сите граѓани/ки така што, секој граѓанин/ка на територијата на Р. С. М., кој/а има интереси за унапредување кон постигнување на целите областа на родовата еднаквост, насилство, дискримација и засегнатите жени и девојки од мултиплицирано дискриминирани групи, со акцент на еднородителски семејства,односно самохрани мајки.
Задачи на Мрежата се:
• Воспоставување на системот и развој на Мрежата
• Изработка на развојна стратегија и програма за развој на Мрежата
• Влијанието на Мрежата врз националните политики
• Актуелизирање на проблемите со родова еднаквост, насилство, дискриминација и еднородителските семејства,особено самохраните мајки, жени и деца
• Зајакнување на внатрешните капацитети и координирано делување на Мрежата.
• Конзистентно да ги насочи и планира помошта и подршката која ќе ја остварува во рамки на програмските активности
• Да подржи раст на сопствените ресурси во подрачјата каде ќе дејствува и проектите во кои ќе се вклучи.
• Обука на различни нивоа и слушатели (обука и едукација на возрасни; техничка и стручна едукација, претприемништво итн), а особено на стручни тимови кај членките на мрежата
• Развивање на меѓународна ( регионална ) соработка
• Да се обезбеди интердисциплинарност во стратегиите за општествено функционирање, мултисекторско, кросдисциплинарно и во секоја сфера хуманистичко уметничко, со трансверзалното прашање за родова еднаквост
• Да обезбеди инклузивно, еднакво и квалитетно образование за сите и да промовира можности за учење во сите стадиуми на животот
• Да постигне родова еднаквост и да ги зајакне сите жени и девојки кон борбата против насилството и дискриминацијата
• Градење на капацитетите на мрежата врз основа на претходно утврдени потреби на членките
• Креирање на механизми за координирање меѓу членовите поради подобрување на услугите
• Превентивни активности – кампањи, едукативни трибини за пошироката јавност, актуелизирање на законска регулатива итн.
• Предлог на изработка на нова и измена на веќе постоечки законски решенија
• Мрежата ќе нуди директни сервиси кон жртви од насилство и дискриминација, еднородителските семејства ( засолништа, бесплатна правна помош, психо-социјална помош, донации итн.)
• Социјална и правна помош
• Унапредување на родовата еднаквост при донесувањето на одлуките, а воедно и антидискриминација и борбата против насилство
• Имплементација на активните мерки за долгорочно вработување на жените и девојките и нивно имплементирање во јавен сектор
• Зајакнување на капацитетот на социјалните центри
Зачленувањето во Мрежата се врши со потполнет и скениран образец за членство, испратено електронски на меил: onecan.desk@gmail.com