Ние сме непрофитна организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права

Нашата Мисија

Мисијата на здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на девојки и жени, со фокус на унапредување на правата на самохраните родители и еднородителските семејства. 

Нашата Визија

Визијата на здружението е обезбедување севкупна општествена грижа и третман на девојки и жени кон родова еднаквост и женски права и слободи.

Нашите Вредности

Нашата оргнизација неформално започнала со работа во 2014 година. За секоја Една да може!

0M Причини
0K Волонтери
0K Поддржувачи
0K Жени

Што правиме

Ние сме грас рут обединување, женско движење кое се заложува за можности, правда и правичност за сите девојки и жени, зајакнување и едукација, антидискриминација, социјална инклузија и слобода без ограничувања.

Нашиот Тим

Дороти Пачкова

Директорка и експертка по родови науки

Елеонора Ѓоргиевска

Семејна едукаторка и правничка

Елена Божиновска

Координаторка за социјални мрежи

Не сакаат, Не поддржуваат.

Една може е корсник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.