истражувања

Компилација МЕГАФОН 1: анонимна реалност

Компилација МЕГАФОН 1: анонимна реалност/ дојави од еднородителски семејства и самохрани мајки во земјава

Компилацијата МЕГАФОН 1 е првиот интердисциплинарен застапувачки документ, креиран преку брејнсторминг со група на самохрани мајки.

Целта на оваа компилација е да ги приближи реалностите на самохраноста кон друштвената заедница, но и да послужи како лобирачка алатка кон креторите/ките на политики и да им воочи зошто е толку неопходно да се создаваат специфични мерки и политики за конкретната целна група – самохрани мајки.

“Правејќи го приватното јавно, го менуваме наративот и на женското писмо му даваме нова димензија, сродна со мисијата за која постоиме и создаваме – живеење во благосостојба и за самохраните мајки и децата од еднородителски семејства” вели претседателката на ЕДНА МОЖЕ!-Скопје, @Doroti Pachkova

Промоцијата на овој многу важен документ е на 12.12.2021 во 12:00 часот, на Плоштад во Скопје, во склоп на настанот Стоп за семејното насилство – биди храбра, како финален настан на 16 дена активизам. https://www.facebook.com/events/228792736061862

Со љубов,
За секоја една да може!