Институт за родови студии – 10 години јубилеј

Институт за родови студии

Институт за родови студии – 10 години јубилеј

На 10. декември Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет прослави десет години научна дејност. Ги упатуваме нашите честитки кон професорскиот тим и студентите кои работејќи на родовите проблематики и теми станаа неодвоив дел функционирањето на граѓанските организации посветени на унапредувањето на родовата еднаквост, социјалните и маргинализираните групи.

Како дел од свечаната програма беше и промоцијата на последните два тома – том IV и том V од едицијата „Историја на жените на западот“ од уредниците Жорж Диби и Мишел Перо.

Свое обраќање на настанот имаа деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, раководителката на Институтот за родови студии, Сузана Симоновска, проф. д-р Јасна Котеска, проф. д-р Владимир Милчин.

 

една може родови студии една може институт за родови студии

 

No Comments

Post A Comment