За настанот...
Ве поканувам на настан за креативно изразување на нашите најмали и најмили граѓанчиња на нашево општество. На ден 22.05.2016 година, во 11 часот, на платото пред Домот за култура Кочо Рацин и Галеријата Ко – Ра, (спорти Гимназијата Јосип Броз Тито, во Центар) Повелете сите родители, баби и дедовци и тетки и чичковци, со деца, со внучиња, на една попладневна мајска дружба во служба на секое дете. Ќе реализираме работилница за деца од предшколска возраст, неформална, експериментална и креативно поттикнувачка, но пред се ослободувачка од востановените правила на уметноста и часовите по цртање кои ги има во формалното образование. Ќе им отвориме нови видици на децата растеретувајќи ги од стегите на нормативната уметност и ќе ги поддржиме да бидат уникатни, свои и посебни, да ги слушаат сопствените импулси и да се изразат онака како тие чувствуваат. Посебноста на секое дете е драгоцена и со оваа работилница ќе им подариме слобода да бидат свои и да се прифатат себе но и сите различни и да научат да живеат во хармонија со поинаквостите. Ако убавината е она што ќе го спаси светот, тогаш сигурно убавината е во шареноликиот свет на децата.