Дружба – животот на еднородителските семејства е чиста форма на уметност

За настанот...

One can! - Една може! - Nje mundet! Ве кани на дружба со сингл мајките од земјава и креативна работилница за дечињата од еднородителски семејни заедници, во Паркот на франкофонијата, кај Центарот за Современи Уметности ЦАЦ (паркчето кај поранешна Опатија), во недела, 15.05. 2016година, од 11часот. Целта на оваа акција е сензибилизација, промоција и афирмирање на еднородителски семејства, заштита и промоција на правото на слободен избор во однос на конструкцијата на семејствување и поттик за здружување на секој/а еден/а кој/а се дрзнува да гради различни семејни конструкции од востановените, во случајов, самохрани мајки со деца. Мајките ќе се дружат, а децата ќе се вентилираат преку креативно изразување и ќе креираат цртежи кои потоа ќе ги употребиме за печатење платнени торби.