Жени за жени – апсајклирање и рециклирање на гардероба

За настанот...

Почитувани пријатели, На 15 јуни во 20:00 часот во Концепт центарот Public Room, ќе учествувате на хуманитарна аукциска вечер. Оваа вечер е посветена подигнување на свеста за постоењето дискриминација кон децата од еднородителските семејства. Една може!, единствената граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителски семејства во Република Македонија, се соочува со поштешкотии во функционирањето, главно заради недостиг на финансии. Запознаени со ваквата ситуација многу силно сме мотивирани да направиме заложби, заедно со сите вас, за остварување на целите на Една може! а со тоа да овозможиме децата да растат во здрави и среќни индивидуи. Собраните средства, преку креирање видео материјали, ќе ги насочиме кон потикнување на промена на актуелниот staus quo во општеството. Дополнително преку Една може! ќе понудиме можност за разговор со психолог, работа со педагог, комуникација со социјални работници и логопеди, изработка на креативни дела и крајно канализирање на својата енергија преку уметност. Лајт мотив за овој настан е визијата за рамноправен свет за сите деца. ♥ Затоа на 15 јуни, Ротари клуб Скопје Вест, заедно со Една може! ја организираат оваа единствена и забавна аукциска вечер. Влезницата изнесува 300 денари, со која следува промо примерок од серијата органски производи на Социјалното претпријатие “Една прави”, пијалок за добредојде и можност за купување на висококвалитетна уметност, по достапни цени. -Од 20.00 часот почнуваме да се собираме и забавата нека започне!(Јана Бурческа, Off Beatz Band) -Од 21.00 часот почнуваме со гласната аукција и можеме да се наддаваме со добрина. -Од 22.00 часот продолжуваме со жур! (Јана Бурческа,Off Beatz Band) До крај. Во тек на вечерта има можности за добротворење по мерка на сите: - Тивка аукција: ако сакате срамежливо и тивко до се наддавате за делата изработени од нашите членки и од уметниците, можете тоа да го направите со тивката аукција, на хартија. Тука имаме различни изработки, фотографии, накит и секако, уметнички дела. - Гласна аукција: ако сакате гласно да се наддавате, Сашо Јанев ќе Ви помогне. - Ќе имаме и кутија за дарежливи рачиња. - Директна продажба на книги Им благодариме на уметници и уметнички, со чија подршка вечерта ќе биде позабавна и побогата: Инес Ефремова, Ване Костуранов, Драгана Заревска, Индог, Никола Пијанманов, Владимир Лукаш, Ирена Мила, Тони Попов, Елена Фиданска, Ем Елепфантски, Д.А. Лори, Апс Реал, Драган Драш Китановски, Драги Неделчевски, Филип Пановски, Горан Гого Андов, Сашко Дете Илов, Сарита Коневска. Им благодариме на Град Скопје и Ј.П.Паркови и зеленило за донацијата на уметнички дела, од ‘Цветните фестивали” 2015, 2016 и 2017 и уметниците/чките: Касиопеја Наумовска, Симонида Филиповска Китановска, Сергеј Дамовски, Андријана Мациев, Петра Јованова, Елена Кичевска, Дороти Пачкова и ученици од ДСУПУ “Лазар Личеноски”. Ве очекуваме на 15.06, од 20.00 часот да се дружиме и на добробитта на децата да служиме ♥ *( секој автор кој ќе се вклучи ќе го додадеме на евентот) Една може!, Една прави, Една сака!