Една може: 16 дена кампања против насилство врз жени и девојчиња

Под хаштагот #HearMeToo #СлушниЈа, течеше овогодинешната кампања за 16 деба активизам против насилството врз жени и девојчиња. ГО „Една може“ и оваа година се приклучи кон кампањата, во контекст на ратификацијата на Истамбулската конвенција во Р. Македонија. Со цел подигнување на свеста за овој проблем кај нас, тимот на „Една може!“ ги претвори во медимуска кампања на социјалните мрежи аргументите изнесени во студијата „Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство“, од група автори.

Со изложбата „Женски град“, „Една може!“ се  приклучи и кон мапата настани посветени на оваа кампања.