За нас

Една може! започна во 2014 година како женско движење за трансформација на стереотипните видувања во однос на еднородителските семејства и самохраните родители во Македонија. Движењето броеше 2 000 членки од целата земја. Две години после активистичките заложби, во 2016 се оформи граѓанска организација за антидискриминација преку унапредување на правата и можностите на жените самохрани мајки.
Третата година од постоењето како правен субјект, се рафинираше во организација за родова еднаквост и женски права и слободи.
Една може! стратешки дејствува во три сфери:

    1. Истражувања, анализи и застапување за измени на родови јавни политики;
    2. Зајакнувања на девојки и жени преку тренинзи и обуки за родови науки и женски права;
    3. Поддршка во формирање на женско претприемништво, вклучително и преку иновативното социјално претпријатие „Една прави“.

*Grassroots потеклото на нашата организација, засекогаш не поврзаа со волонтерството!
Досега, Една може! има учествувано во бројни иницијативи со сродни организации од граѓанскиот сектор за моиторинг и создавање јавни политики, инструменти и мерки кон социјално загрозените групи.
Во рамки на организацијата, се изроди и социјалното претпријатие „Една прави“ посветено на самовработување на самохраните мајки преку создавање и продажба на органска козметика.
Една може! се стреми кон себе да ги привлечи девојките и жените од маргинализираните средини, а посебно жените – самохрани мајки, организирајќи обуки и настани релевантни за нив, за едукација и вклучување во општеството без стигматизација и дискриминација.
Веруваме дека солидарноста е политичко прашање!
Дороти Пачкова,
Претседателка на ГО „Една може!“