[ЖЕНИТЕ МОЖАТ] Артивистичка изложба/завршен настан: Женски град

На 10. декември во Концепт центарот Една може/Една прави беше отворена артивистичка изложба „Женски град“. Изложбата претставува завршен настан на работилниците „Жените можат!“.

„Жените можат!“ е проект кој таргетира и вклучува жени од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културано и социјално, интердисциплинарно самојакнење. По серијата работилници со експертки од разни области за неформална едукација со родова димензија, во декември следи завршниот настан – концептуална артивистичка изложба „Женски град“.

Изложбата исто така се приклучува на мапата настани посветени на „16 дена кампања против насилството врз жените и девојчињата“.

Концепт

Многу одамна, во средновековна Италија, една од првите европски феминистки, писателката и образована жена Кристин де Пизан го напишала романот „Град на дамите“. Пизан упатила дека низ работа, солидарност и едукација жените можат да „изградат свој град“  – да станат дел од јавниот, општествениот и политичкиот живот на вистиските средовековни градови во кои живееле.

Денес, во 21. век,  жените во една балканска земја, живеат во градови и средини кои сеуште нудат предизвици за нивното секојдневие само бидејќи тие се жени. Некои од тие предизвици се латентни и незабележливи, некои се видливи и наметливи, но сите се нормализирани. Концептот за „Женски град“ нуди можност за освестување на тие предизвици или отварање простор за утописко размислување на можностите и потребите на жените, мајките, девојчињата децата.

„Женскиот град“ е создаден од делата на учесничките во работилниците „Жените можат“, проект на ГО „Една може!“ На оваа изложба со свое артивистичко дело се претставија:

Јована Ѓерасимовска, „Клаустрофобичен простор/агорофобија“: семејно насилство, култура на сулување, емоционално насилство, Кичево 2018;

Ивана Хаџиевска, „Раце и работа“ Дробен печат, „Македонка“ бр.1, 02.1945 (првиот женски весник во Македонија [Народна Р. Македонија]), Битола 2018;

Мартина Лозановска, Мартина Марковска, „11010000 10110110 11010000 10110101 11010000 10111101 11010000 10110000“: Жената низ развојот на технологијата, науката и градот како концепт, а не место, Скопје 2018;

Дороти Пачкова, „Уште што друго сум освен што сум канцер на општетсвото“: трансцедентална феминистичка изложба, Скопје 2018.

Со мала церемонија беа доделени и сертификатите за особен придонес на учесници кон работилниците „Жените можат“.