
Обука за родова еднаквост и феминизам
Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!-Скопје ќе спроведе обука на тема: ,,Родова еднаквост и феминизам’’.
Обуката ќе биде спроведена по завршување на овој повик за учество во истата, oдносно 8 дена по објавувањето на истиот.
Една Може! Ве повикува да заземете активно учество во истата. Термин за спроведување на обуката ќе биде дополнително објавен и ќе бидете повикани.
Обуката ќе се спроведе онлајн преку платформата зум ( zoom).
Доколку сакате да присуствувате, Ве молиме да го пополните овој прашалник.
За дополнителни прашања обратете се на меил на: onecan.desk@gmail.com