Јавна парламентарна расправа, отварање на новиот Предлог на „Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“

Јавна парламентарна расправа, отварање на новиот Предлог на „Закон за спречување и заштита од  насилство врз жените и семејното насилство“

Јавна парламентарна расправа, отварање на новиот Предлог на „Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“

СЕДНИЦА БР.2 НА КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ЗАКАЖАНА НА 15.12.2020 ГОД. ВО 11:00 ЧАСОТ

TEMA: ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: ДОРОТИ ПАЧКОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ЕДНА МОЖЕ! – СКОПЈЕ


Јавна парламентарна расправа, отварање на новиот Предлог на „Закон за спречување и заштита од  насилство врз жените и семејното насилство“

 Почитувани, Претседателка на Комисијата за еднакви можности,  парламентарки, претставнички на институции, собраниски служби,  колешки од граѓанскиот сектор и експертската фела… 

Оваа демократска алатка, Јавни парламентарни расправи, е алатка која ја учиме како општество и токму преку неа може да се направи влијание/демократизација, од граѓанките/ите, или претставнички/ци на  граѓанките/ите како што сме ние, граѓанските здруженија, токму кон  Законите кои се однесуваат на самите граѓани/ки.  

Она за кое сме свикани денес, е отварање на новиот Предлог „Закон за  спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“. 

Законите, за да бидат во служба на граѓанките, мора и е неопходно,  според искуството со стариот законодавен систем, да бидат во корелација  едни со други, да комуницираат меѓусебно и да биде возможно да се  мери импакт од истите и да се возможни за имплементирање во пракса,  за сите за кои се наменети. 

Како Граѓанска организација за родова еднаквост но со фокус на унапредување  на права на девојки и жени од маргинализирани категории,  со акцент на еднородителски семејства, забелешките на Една може! одат  во насока на:  

Самиот наслов, каде насилството околу кое е формиран и за кое е  создаден Законот алудира на дефокус од реалниот тип на насилство,  те како што предлагаме да гласи Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО,  ( наместо семејсно насилство) поради фактот дека близу 90% од случаевите на таканареченото  семејно насилство се всушност актови на насилство во  несиметрични услови на моќ, што го прави РОДОВО БАЗИРАНО  НАСИЛСТВО, од кое пак семејното насилство е само дел. За оваа лексичка конструкција, да биде соодветна и да упатува на  конкретната состојба, или да знаеме за чија заштита е формирана конкретно, бараме да се предефинира како во член 3 став 2, каде  Родовото базирано насилство, се рефлектира низ сите останати  форми низ подолните ставови од член 3. Насилство врз жените.  

Препораката е овој термин – РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО да се  проследи низ целиот предлог Закон, воедно и „да се води системска  евиденција и обработка на податоци за родово базирано насилство“  како што стои и во Извештајот на Европската комисија за напредокот  на РСМ (2020) за родовата еднаквост. И тоа за сите ранливи  категории одделно.  

Па вака доаѓаме до нашата втора препорака: 

Член 7. Ранливи жени.  

Оваа забелешка произлегува од формално таксативното излистување на ранливите категории на жени, што само по себе репродуцира проблематичност, кога не постои јасно дефинирање,  прво и основно на самиот поим РАНЛИВОСТ, што недостасува во  член 3 – Помник, што пак носи кон недефенираност кон секоја  одделна ранлива категорија што ја содржи член 7. 

За нас, многу важно е „Ранливоста“ да се дефинира како стекната во одредени случаи и исклучително  најважноважно, како општествено создадена ранливост, во други случаи,  како кај самохраните мајки, каде е степенот на ранливост,  проблеми, предизвици и не/можности за надминување на  маргинализираната состојба, е директно обликуван од родовата  нееднаквост и институционалната и легислативна игнорантност.  За да не биде и овој нов Предлог Закон, ненаучена лекција од  старите Закони, овој недостаток мора да се преопработи. Голема е потребата од дефинирање на наброените категории од  член 7 во самиот поимник на Законот или пак дополнителен член кој ќе содржи посебно дефинирање на истите, токму поради  регулација на сите различни, постоечки и идни мерки кои се  однесуваат на различните целни групи, кои се соочуваат со Насилство врз жени и семејно насилство со што би се зголемил опфатот на  оние за кои е создаден.  

На пример, во хрватската легислатива, во Законот за социјална  заштита, во член 4 имаме точно дефинирање на сите категории што  ги иплементира самиот закон. Пример, став 4 од истиот член гласи:  ‘’Самохран родител е родител кој сам се грижи за своето/ите дете/ца и сам ги издржува.’’ и став 5 од истиот член: 

 ’’Еднородителско семејство е семејство кое го сочинуваат дете/ца и  еден родител.’’  

Нашата предлог дефиниција за еднородителско семејство гласи:  Семејство со еден родител кој се грижи за развојот и за  подигнувањето на своето/ите/дете/деца, кој живее во заедничко  домаќинство со своите деца.

Во сеопфатната студијата на Една може!,од 2018 година, прифатена  е дефиницијата на Европскиот институт за родова еднаквост. 

Според ваквата дефиниција, „самохраноста“ е социјална ситуација  што произлегува од заедничкото живеење со своите деца и  самостојната секојдневна грижа за себе и децата во семејна  заедница. 

Во остатокот од дефинирањето на ранливите категории на жени,  оставаме да се изјаснат претставничките од другите експертски  граѓански организации, кои ги поканивме. 

Според нас, проблематичен е и членот кој се однесува на Сервисите, во Предлог Законот член 21 став 2: „Воспоставуваат центри за згрижување на жртви, советувалишта за жртви, советувалишта за Сторители и други услуги за превенција од насилство врз жени и заштита на жените жртви на родово базирано насилство  и жртвите на семејно насилство, согласно Закон за социјална  заштита.“ 

Нашиот предлог се однесува на потребата, не само да бидат  воспоставени, туки и да бидат и ПОДДРЖАНИ самите Сервиси – центри од локалната самоуправа, со можност истите да се  воспоставени од граѓанските иницијативи, но и исклучително важно:  

Да упатуваат на специјализирани категории на КОНТЕКСТУАЛНИ  жртви на родово базирано насилство, всушност поткатегории на  жени-жртви, а ги содржат сите ранливи жени од член 7. кои се  соочуваат со сите видови родово базирано насилство, од кое  семејното насилство е само дел.  

Останатите предлози и препораки во однос на членовите и  ставовите кон Предлог – Законот се однесуваат на:

Член кој недостасува во Предлог Законот а има можност да се смести во Основни Начела, а постоеше во стариот Закон како член 7. Итност на постапување „Службените лица во институциите кои  вршат дејност од областа на социјалната заштита, внатрешни  работи, здравство, детска заштита и образование, како и  надлежните судови во постапките за семејно насилство должни се  да постапуваат итно, со должно внимание на интересите и  потребите на жртвата, а особено кога жртвата е дете, старо лице,  лице кое не е во состојба да се грижи за себе и лице со ограничена  или одземена деловна способност.’’ 

Што се однесува на Националното Координативното тело, сметаме дека тоа треба да биде координирано од лице советник/специјалистка за родова еднаквост, односно експертка, за да да се има јасно разбирање за феноменот  насилство врз жени и девојчиња, како дополнение на член 15 став 8: ,,Со Националното  координативно тело претседава лицето номинирано од  Канцеларијата на претседателот на Владата.’’

Понатаму, сметаме дека за континуирано функционирање на работите на Министерството за здравство, потребно е дополнение во член 19, уште еден став кој ќе се однесува на ,,обезбедување на  финансиски средства за КОНТИНУИРАНО (не ad hoc) функционирање на центрите за упатување на жртви на сексуално  насилство.

Сугераме дополнение на член 47 став 3 кој гласи: ,,Центарот за социјална работа може времено да ги ограничи или забрани личните односи и непосредните контакти на детето со родителот со  кого не живее заедно, во случај кога тоа е во интерес на детето  СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ЖРТВАТА), додека траат ризикот и  последниците од извршеното насилство.’’ А според Истанбулската  конвенција „Децата сведоци на родово базирано насилство, имаат право на третман, заштита и поддршка како и директните жртви“,  член 26. Само вака се врзуваат двата принципи: најдобар интерес на детето и превенција од насилство врз жените. 

И доколку сакаме да ги следиме стандардите на Истанбулска Конвенција и Обединетите Нации, тогаш би морале да ја земеме во предвид и согласноста на жртвата како дополнение во член 50 став 2 кој гласи: ,,Проценката на ризик се прави итно во првите 12 часа  од пријавувањето. Во текот на целата постапка проценката на ризик  се прави во соработка (И СО СОГЛАСНОСТ) со жртвата според  нејзините потреби.’’ 

Препораки од членови присутни на седницата, пратенички, експерти од други граѓански организации, претставници од надлежните институции:

  • Во законот треба да се вметне одредба за постзаконодавен надзор, три години по донесувањето на законското решение;
  • Спроведување на сеопфатна политика за борба против насилството врз жените;
  • Континуирано зајакнување на капацитетите на стручните работници во системот на социјална заштита за родовиот концепт согласно Програмата за континуирана едукација на стручните работници во установите за социјална заштита, меѓу кои и давателите на услуги за специјализирани сервиси за родово базирано насилство, изготвена од ЈУ ЗСД и нивно лиценцирање (во Законот но и како подзаконски акт)
  • Ставање на сила на мерки за позитивна дискриминација, по примерот на сите Еу земји;
  • Родово разбирање на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство како начело;
  • Редефинирање и спроведување на итните и превентивните мерки;
  • Регулирање на сајбер насилството;
  • Намалување на роковите на итните мерки;
  • Концепт и регулација на законот како lex specialis;
  • Поддршка на здруженијата во пружањето на специјализираните сервиси;
  • Подигнување на свест за родово базирано насилство;
  • Дефинициите на законот да го следат духот на конвенцијата;
  • Механизми за заштита на жени и девојки со попреченост;
  • Усогласување на Законот со стандардите за заштита на жените и девојките со попреченост кои се жртви на различни форми на насилство врз жените, поради немање никакви принципи на инклузивност за овие категории жени;
  • Определени буџетски средства за реализација на законот.


Една може! тим