Арт терапија за нашите деца во време на КОВИД-19

За настанот...

Во недела, на 27.09.2020 година во 12 часот Здружение на граѓани “Една може” организира настан за нашите деца. И да врне и да вее, имаме летниковец во Стар Парк, кај влезот на Маргер. Бројката е ограничена на 12 деца поради КОВИД - 19. Во соработка со авторката Елизабета Баковска ќе доделиме примероци од нејзината најнова книга “Мајката и инаквите приказни”. Пријавување во инбокс по принципот “Прв дојден, прв услужен”. Колачиња и освежување има обезбедно од наша страна.