Еднакви права и можности на самохраните мајки

За настанот...

Анализа за состојбата на самохраните мајки во Македонија „Еднакви права и можности за самохраните мајки“ Почитувани, Оваа анализа претставува придонес во напорите да се создаде сеопфатен аргументиран документ - темел на кој ќе се гради понатамошното обезбедување на еднакви стартни позиции, на жените самохрани мајки и конкретно на еднородителскиот семеен конструкт. Оваа анализа прави посебен придонес кон унапредување на состојбата на самохраните мајки и специфичниот семеен конструкт и ќе биде основа за соодветен третман кон овие жени и нивните семејства. Целта е да обезбеди основно разбирање за позициите на самохраните мајки, претставнички на овој вид на семејства, да истражи можности за преобмислување на правата и можностите, преку измени и дополнувања на политики и мерки кои се однесуваат на нив. Нужноста од оваа анализа ја согледавме преку емпириски податоци од дојави и поплаки на самата целна група, кон Една може!. Низ детална истражувачка работа, детектирано е непостоење на никакви конкретни и специфицирани политки и мерки , а со тоа и игниорантност кон овие жени и семејства. Потребата од континуирано унапредување на законодавството, локално и национално, ја согледуваме преку податоци за рапидниот пораст на висок степен на сиромаштија, неможностите за економска слобода и стигматизацијата од околината, кои се во согласност со извешатите со препораки од ЕУ во однос на родовата нееднаквост и дискриминацијата врз жените. Оваа анализа е изработена преку соработка на граѓанската организација Една може! Скопје и Фондација Квинна тилл Квинна, Стокхлом, низ проектот „Еднакви права и можности за самохрани мајки“, во 2018 година во Скопје, Република Македонија. Искрено се заложуваме од оваа анализа и произлезениот полиси бриф со препораки, да трасираат и понатамошни решенија кои нудат напредок на состојбата на жените самохрани мајки и еднородителските семејства, како и напредок по патот во остварување на родовата еднаквост и правата на жените.